Тито Петковски: На 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам?
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2023
Tито Петковски од НСДП вели дека Бугарија и Македонија се 100 години зад визиите на херојот Гоце Делчев.
Тој е разочаран од односот на Бугарија.
„Јас не само што не паметам туку не сум можел ни да замислам една ваква ситуација со Бугарија. И не сум рамнодушен. Роден сум во една друга друга држава во 1945 година, па сега на 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам? А еве сум, тука сум, на ова место. Политичарите во голем дел им го загорчуваат животот на луѓето“, изјави Петковски, поранешен претседател на Собранието, во емисијата „СТУДИО 10“ на ТВ24.
За Петковски е зачудувачки тоа што еден европарламентарец како Ангел Џамбаски доаѓа во Македонија, ја негира земјата па дури и повикува на атентат на претседателот Стево Пендаровски.