17 Мај, 2024
0.0286

То Вима: Извонредна енергетска соработка помеѓу Атина и Скопје

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Грчката „То Вима“ во денешното издание пишува за извонредната раздвиженост во енергетскиот сектор по потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Грција и Македонија.

Весникот пишува дека за време на неодамнешната посета на премиерот Зоран Заев на Атина, во средината на септември беше изразен интерес за учество на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис, проект во кој учеството на Бугарија е веќе договорено. 

„Поврзувањето на Северна Македонија со гасоводот ТАП и нејзиниот интерес за учество на терминалот за течен природен гас во Александрополис значително ќе ја намалат зависноста на Северна Македонија од рускиот гас, зголемувајќи ја нејзината енергетска безбедност, истовремено зајакнувајќи ја својата позиција и на Грција во толку важна геополитички, енергетска мапа на регионот. Големите компании, како што се ИПТО и ДЕСФА, бараат, во суштина, поддршка за надградба на енергетската интерконекција помеѓу двете земји. Истото важи и за ЕЛПЕ, која има „стратешки важна“ позиција на пазарот на енергија во Северна Македонија“, пишува То Вима.

Се додава дека особено ЕЛПЕ чека на повторно отворање на нафтоводот што го поврзува Солун со Скопје, кој запре во 2013 година, предизвикувајќи значителна финансиска штета и доведе до правен спор меѓу ЕЛПЕ и Македонија. 

„Треба да се продолжи со надградбата на енергетската соработка меѓу Грција и Северна Македонија бидејќи има значителни придобивки за двете земји“, констатира весникот.

Заев во своето последно интервју вели дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција.

Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање” на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Премиерот Заев оцени дека Владата следејќи ја состојбата во што најмногу се вложува во светот, се посветува на проектите од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, кои обезбедуваат економски напредок.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци