26 Април, 2024
0.0504

Тоа е вистински навивач!

Објавено во: Стил 09 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Секогаш сме нервозни кога нема да гледаме пренос од нашиот омилен тим не телевизија. Или уште полошо кога нема да даваат натпревари од нашата земја. На Ирецот Дејвид Фини кој живее во Австралија му се случило токму тоа, неговите омилени репрезенатации (Ирска земјата од која потекнува и Англија на која е исто така фан) или поточно решено нивните мечеви не биле во план да се пренесуваат на ниедна австралиска телевизија. Земјата веќе си обезбеди пласман во Бразил и изгледа дека нема баш голем интерес за пренос на други мечеви и покрај огромниот број на жители кои потекнуваат од островот.

Епа Фини решил да не остане само на псовки кон телевизиите кои обично ги пренесуваат мечевите, туку решил да превземе конкретни чекори. Имено ја дал куќата под хипотека и подигнал кредит да ги откупи правата за пренесување на мечот помеѓу Ирска и Шведска кој се одигра на шести септември и мечот помеѓу Англија и Украина кој треба да се одигра утре.

Дејвид Фини, не сака да слуша преноси на радио

Фини за неколку десетици илјади долари (не се открива колку точно) од една германска компанија ги откупи ТВ правата и сега мечевите благодарение на него ќе биде пренесуван во Австралија и Нов Зеланд.

Фини, кој е ИТ консултант , очекувано имал проблем да ја убеди сопругата за овој негов бизнис потфат, но кога и објаснил дека има шанса да се профитира таа прифатила и му дала подршка. Мечевите ќе се пренесуваат на пеј пер вју платформа, што би рекло плати за да гледаш. Фини се надева дека ќе успее да натера неколку илјади Ирци и Англичани да станат во 4 и 45 наутро за да ги гледаат мечевите на нивните репрезентации. Доколку тие го прекинат нивниот сон и платат за да гледаат потфатот на Фини ќе биде полн погодок, во спротивно ќе треба доста да и објаснува на сопругата.

Фини има стратегија и сака да побара помош од Ронан Китинг, Ирецот кој беше фронтмен на тинејџерската атракција Бојзон. Ронан денеска е многу популарен во Австралија поради тоа што е член на жирото на реалното шоу Х Фактор. Фини сака да побара од Ронан да твитне за мечот и така да ја рашири пораката до 400.000 луѓе колку што го следат Китинг. Доколку еден процент реши да гледа ТВ и да плати за тоа Дејвид ќе ги врати вложените долари.

Стискаме палци за Фини!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти