TOJ Е ПРВ САЈБЕР ПАСТИР: Живее во Австрија, а овците ги чува преку камери
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2019
Милорад Милиќ од Петровац на Млави откако знае за себе е со овци и јагниња, а од пред 4 години открил начин како да биде со нив дури и кога е на илјадници километри оддалеченост.
Овој 57 годишен човек работи како градежен лимар во Салцбург, а од неодамна стана и првиот сајбер пастир кој од Австрија го набљудува своето стадо во селото Добриње.
Новата пастирска мисија овој човек ја почнал во 2008 година кога од Австрија донел три грла овци.
Денес стадото има 23 овци, а колку јагниња има ни самиот не знае.
Во просек ако три седмици е во Австрија, овој човек една недела потоа е во Србија.
За да стане сабјер пастир идеја добил во 2015 година, во разговор со пријател, и сфатил дека со компјутер може да следи што се случува со стадото иако е на далечина.
Овој човек има желба откако ќе влезе во пензија да го помине животот во природа на село.