ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи
Објавено во: Балкан 26 Април, 2024
Српскиот адвокат Тома Фила не верува дека ќе го најдат телото на девојчето Данка Илиќ од Бор кое исчезна на 26 март, а потоа двајца вработени од „Водовод“ прво ја удриле со возило, а потоа едниот од нив ја задавил и ја фрлиле.
„Не знам ни какви се наодите и што се работи воопшто во моментов, важно е да се открие дали има во автомобилот, службеното возило со кое управува се сомневаат, дали ги има и дали се пронајдени крвта и ДНК на девојчето, тоа е клучното прашање. Многу е важно да се најдат индиции и добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи“, изјави Фила за Република.
Од почетокот на постапката сослушани се 14 сведоци, како и 3 сведоци од средата до денеска. Полицијата не го најде телото досега, а во српските медиуми имаше и информации дека убијците можеби го уништиле телото мислејќи дека така ќе ја избегнат казната или ќе добијат поблага казна. Додека траеше потрагата по детето, се појави снимка од Виена со две жени и девојче кое личи на Данка, но не се работеше за истото дете. Оваа снимка им влејала надеж на убијците дека полицијата нема да ги пронајде.