26 Април, 2024
0.2358

Топ 10 најбогати и економски развиени градови

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Консултантската компанија „Arcadis“ направи листа со стоте најбогати и економски развиени земји во светот, а за таа цел користела неколку критериуми, меѓу кои бизнис перспективите, инфраструктурата и туризмот, како и заштита на животната средина.

10. Стокхолм, Шведска

Главниот град на Шведска не е само културен, економски и политички центар на земјата, тој исто така е водечки во одржливиот развој на животната средина.

9. Париз, Франција

Париз е познат како економски центар на земјата, но е познат и по одличниот баланс меѓу работата и приватниот живот.

8. Њујорк, САД

Ова е исклучително динамичен град, но има потреба од подобрување на инфраструктурата, за да може да се адаптира кон растечкиот број емигранти.

7. Прага, Чешка

Прага е еден од најбогатите градови во Европската унија. Таму сепак, луѓето добиваат двојно поголеми плати од жителите надвор од главниот град.

6. Единбург, Велика Британија

Таму се наоѓаат едни од најпрестижните универзитети во светот. Градот е и еден од најголемите финансиски центри на Велика Британија.

5. Цирих, Швајцарија

Овој град има неверојатна репутација на постојано развивање и развивање на проекти за заштита на животната средина.

4. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Исклучително богат град, но со ниски резултати за критериумот за заштита на животната средина.

3. Лондон, Обединето Кралство

Богат град, кој ја става Британија напред на листата, со развиена инфраструктура и центар за развој на бизнис.

2. Хонг Конг

Овој град има одлична развиена инфраструктура, економија и многу добро образовани луѓе.

1. Сингапур

Иако е најбогат, Сингапур има потреба од развој на социјалната инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти