28 Април, 2024
0.0273

Топ 15 најопасни туристички дестинации во светот

Објавено во: Стил 28 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Патувањето може да биде сон за многу луѓе. Избирате егзотична дестинација и се надевате дека ќе поминете таму повеќе од одлично. Ве возбуди локалната култура, природни и историски знаменитости. Секогаш сепак постоел ризик да потпаднеме на опасни ситуации во местата кои не ги познаваме. Значи сонот брзо може да се трансформира во најлош кошмар. Многу се дестинациите кои кријат опасности за туристите.

Ви нудиме една листа со најопасните туристички дестинации во светот. Имајте ги во предвид кога планирате вашето следно патување.

15. Венецуела

Убава земја, без сомнение. Природата и е инспиративна, а плажите - маѓепсани. Но не се мамете од изгледот. Во 2013 година во земјата се извршени над 24 000 убиства. Популарен е случајот на 76-годишниот германски турист, кој беше убиен додека стоел пред локална продавница. Случаите како овој не се ретки во Венецуела.

14. Мексико

За секој човек кој чита весници, не е тајна дека Мексико е опасна земја. Овде туристите може да паднат во многу критични ситуации. Во 2013 и 2014 години 161 американски државјани се убиени. Поголемиот дел од нив биле во земјата на краток одмор.

13. Сомалија

Оваа африканска земја е позната не како туристичка дестинација, туку по сиромаштијата на локалното население. Но пред да одлучите да ја посетите, размислете уште еднаш. Таа е место за граѓански војни многу години. Како невин турист можете да наидете во вистински кошмар и да бидете киднапиран, како што се случува и со локалните социјални работници.

12. Сирија

Сигурно сте гледале телевизија неодамна и знаете за што ви говориме. Илјадници луѓе бегаат од Сирија и тоа е знак дека да одите во обратната насока на бегалците е лоша идеја. Инаку како туристичка дестинација земјата е прекрасно место. Природа, историја и култура. Во денешно време, сепак ве очекуваат бомби, воени судири и тортура.

11. Пакистан

Оваа исламска земја ги држи туристите настрана со постојани грабежи, терористички напади, киднапирања, мачење и секакви други криминални активности. Страна на терор. Тоа навистина не е место за туристи.

10. Израел

Тука не ви се заканува киднапирање, но исто така не е којзнае колку безбедно за туристи. Светата земја со децении е зона во која е загрозен животот со напади. Војната помеѓу Израел и Палестина создала невообичаено тешки услови за живот, како за локалното население, така и за љубопитното око на странските туристи.

9. Палестина

Откако кажавме за Израел, не можеме да пропуштиме и земја како Палестина. Војната има добивано постојано азил тука. Убиства, терористички напади, страв ...

8.Индија

Индија е светскa дестинација која нуди неверојатно прекрасни глетки. Ова е втора земја во светот со најмногу население. За жал, сиромаштијата е широко распространета, а оттаму и криминалот. Жените се најзагрозени тука, бидејќи масовна практика се силувањата. Популарен е случајот на 32-годишна туристка која скокна од прозорецот на хотелската соба, за да избегне сексуално насилство од страна на менаџерот на хотелот.

7. Египет

Сакате да ги видите пирамидите? Која цена би ја платиле? По граѓанската војна тука земјата не е безбедно место.

6. Мјанмар

Денес за Бурма важат различни причини зошто да ја прескокнете при следно патување. Проблемот не е само во терористичките напади. Инфраструктурата исто е за лоша.

5. Хондурас

Оваа земја сместена во Централна Америка, е позната по своите прекрасни плажи, но исто така и високата стапка на убиства. Покрај тоа, таа е за мажи. Жените се поставени на повеќе долно ниво и се доживуваат како сопственост.

4. Антарктикот

Овде не ве очекува киднапирање или грабеж, но суровоста на мајката природа е исклучително опасна. Поларните мечки и студ до мозокот на коските. Нема време за одмор на топло. Дури и да се јавите на 911, шансата да преживеете е минимална. Ова е оддалеченото место на планетата и едно од најстудените!

3. Јемен

Дали сте слушале меѓународни вести во последниве години? Тогаш знаете што велат за Јемен. Оваа земја се наоѓа во близина на Оман и Саудиска Арабија. Историјата на Јемен е начичкана со терористички напади и смрт. Во 2007 година група шпански туристи беа нападнати. Шестмина од нив загинаа.

2. Планината Еверест

Највисоката планина во светот го привлекува погледот на планинари од целиот свет. Таа нуди изобилство од предизвици, но и опасности. Често слушаме за жртви на падините на Еверест.

1. Тунис

Во моментов земјата се бори со мирот и спокојството, но и покрај тоа престрелката и терористичките напади се секојдневие. Го спомнуваме случајот со хотел на плажа, во кој загинаа 38 лица од Англија. Криминалната активност во Тунис е висока, особено по границите со Алжир и Либија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти