06 Мај, 2024
0.0238

Топ 5 најубави непознати плажи

Објавено во: Стил 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Топ 5 плажите, за кои не сте слушнале.

Рајски кaтчиња, со импресивни крајбрежни патеки и прекрасни води, кои ќе го натераат секој да мечтае за одморно бегство, пишува британското издание "Guardian".

5. Плажата во Сент Луси, Флорида е достапна само со брод. Островската бариера на брегот на Флорида е дива и ненаселена средина во текот на летото. Полно е со морски желки и има 2,7 километри патека со бел песок, за да уживате во слободното време. Влезовите кон плажата се затвораат при зајдисонце, но туристите можат да се распослат во близина на паркот Џонатан Дикинсон. Таму има бунгалови, како и сет од мотоцикли, туристички и кајак патеки.

4. Во Саленто, јужна Пула, има убаво крајбрежје со бел песок и пенливи тиркизни води. Познат како италијанските Малдиви, плажата Торе е исклучително атрактивно место. Таму се наоѓа и Кулата на Сент Томас од 16-тиот век. Туристичкото гратче Порто Чезарео, кое се наоѓа во близина на плажа, нуди широк спектар хотели за посетителите.

3. Пукет има репутација за една од најгласните територии во Тајланд. Повеќето од популарните плажи се зафатени и добро развиени за туристи, но се уште може да се најдат и некои помирни места. "Банана плажа" е едно од тие .Таа е неколку стотини метри долаг и со кристално чиста вода. Плажата не може да биде видена од патот.На плажа може да има мал ресторан каде што туристите можат да се сместат под палмите и да уживаат во јадења во морки јадења.

2. Многу луѓе бараат тајни плажи надвор од најмалата држава во Индија - Гоа. Тие не знаат дека можеби тоа е најдобро мало место над границата во Махараштра. Реди, познат како "рајската плажа", има многу природни убавини - мала лагуна, песочнен полуостров, урнатините на тврдина. Со исклучок на неколку продавачи на вода и кокос, плажата е целосно напуштен.

1. Во остатокот од светот може да не слушнале за плажата "Уинифред", но во Јамајка е позната поради проста причина што таа е една од ретките преостанати слободни јавни плажи. Надоместоците за останатите плажи се високи. Сопствениците на хотелите фрлале око и на "Уинифред" со години, но по петгодишна судска битка локалната општина добива. Судот наведува дека јавниот пристап до плажа треба да остане. Песокот на плажа е бел и мек, а водата- мирна и тиркизна, идеална за пливање.