ТОП ЛИСТА: Во овие градови возењето со такси ќе ве чини најевтино
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2018
Софија е седма меѓу најевтините метрополи во светот за патување со такси од 50 градови вклучени во глобалниот индекс на цените на таксистите, објавен од британскиот сајт Silverdoor Apartments.
Во бугарската престолнина патувањето со такси е 0,36 фунти (0,41 евра) на километар, што ја става на листата по Каиро, Мексико сити, Делхи, Букурешт, Манила и Ханој.
Сајтот ја пресметува вкупната цена на патувањето со такси како збир од почетниот надомест и цената за еден километар, еднаков на 1,6 км. Во Софија таа изнесува 0,94 фунти (1,06 евра).
Најскапите градови во светот за патување со такси се Берн во Швајцарија со вкупна цена од 10,66 фунти (12,05 евра), следен од Осло и Лондон со соодветно 10,47 фунти (11,84 евра) и 8,44 фунти (9,54 евра).
Каиро е најевтиниот град во светот за патување со такси со вкупен износ од само 0,34 фунти (0,38 евра). Сајтот проценува дека може да патувате 96 километри со такси во главниот град на Египет, по цена на влезница во Египетскиот музеј. Ова ќе биде доволно за патување од меѓународниот аеродром во Каиро до музејот, назад кон аеродромот, а потоа назад во музејот.
Во исто време, по цена од 9,54 евра, едно километарско такси-патување од Лондонската кула до театарот Викторија Палас може да ве чини колку што е можноста за влез во театарот.
Фото: Pixabay.com