29 Април, 2024
0.0255

ТОП НЕ ГО БИЕ: Денарот и во 2020 ќе биде стабилен

Објавено во: Финансии 01 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

И во 2020 година денарот ќе биде стабилен, гарантира Народната банка. Ова е една од пораките што гувернерката ги пренесе во интервју за МИА. Како централна банка располагаат со редица механизми со кои секогаш се подготвени да ја гарантираат стабилноста на домашната валута, да ја одржуваат ценовната стабилност и да дадат максимален влог за поволен макроекономски амбиент. Укажува и дека макроекономските проекции посочуваат на продолжување и умерено забрзување на растот на македонската економија, со што би достигнал околу 3,8 отсто во 2020 година.

Ние како централна банка располагаме со низа механизми со коишто секогаш сме подготвени да ја гарантираме стабилноста на домашната валута, да ја одржуваме ценовната стабилност и да го дадеме максималниот влог за поволен макроекономски амбиент. Гарантираме – и во 2020 година денарот ќе биде стабилен“, рече гувернерката.

Додава дек монетарната стратегија на одржување стабилен курс на домашната валута подразбира потреба од одржување соодветно ниво на девизни резерви. 

„И во првите часови на новата година можам да потврдам дека тие на редовна основа се одржуваат на високо ниво. Заклучно со крајот на ноември минатата година изнесуваат нешто над 3 милијарди и 241 милион евра“, нагласува Бежовска-Ангеловска.

Сите показатели, вели, упатуваат на адекватност на резервите не само во тековниот период, туку и во однос на идната проектирана патека во следниот среднорочен период. 

„Очекуваме дека проектираната надворешна позиција на економијата и однесувањето на економските субјекти ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви, со што тие и во следниот период би биле во комфорната зона и би овозможиле соодветна поддршка за одржување стабилен денар“, вели гувернерката.

Потенцира и дека стабилноста на домашната валута директно придонесува за одржување ниска инфлација.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита