26 Април, 2024
0.1645

Топлификација платила дел од долгот кон Макпетрол!

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

„Производство на топлина“ фирма ќерка на Топлификација АД Скопје почнала да го намирува долгот кон македонскиот енергетски гигант Макпетрол, потврдија за Фактор од Макпетрол. Колку пари се исплатени и до кога се очекува да се исплати целиот долг не се соопштува. Вчера Макпетрол најави дека ќе запре со испорака на мазут и природен гас кон Топлификација поради долг од 1,7 милиони евра. Но, за кратко време, како што веќе објави Фактор, Владата со посредство на министерот за финасии Зоран Ставрески спорот беше разрешен. Имено, според информациите во Владата на состанок со Ставрески биле првите луѓе на Топлификација и Макпетрол, Димитар Хаџимишев и Андреа Јосифовски. На средбата исто така присуствувале и претставници од ТЕТО, комбинираната електрана на гас и електрична енергија. На средбата која траела околу триесетина минути спорот беше разрешен. Како и со што владата успеа да го реши проблемот на овие две приватни компании, сеуште е енигма. Топлификација се огласи преку Македонска берза Писмено испраќајќи ценовно чуствителна информација на Македонска берза свој став даде и скопска Топлификација. „Топлификација АД последните месеци е предмет на континуирано медиумско интересирање. Тоа е разбирливо бидејќи фирмата е предмет на интерес поради дејноста која ја врши и поради фактот што е една од нај ликвидните фирми на македонската берза. Топлификација АД се обидува да најде трајно решение за регулираните дејности кои со зголемувањето на цените на енергентите генерираат проблеми како на оние кои ги извршуваат овие дејности така и на оние кои ги користат . Очекуваме во краток период да се најде трајно решење за вршење на регулираните дејности со кое ќе бидат задоволни корисниците на услугите на овие регулирани дејности, а фирмата нема да биде предмет на необјективни информации во медиумите кои преставуваат сериозен проблем за супер котирана компанија каква е Топлификација АД“, стои во соопштението на скопска Топлификација.. „Топлификација АД“ се обидува да најде трајно решение за регулираните дејности, кои со зголемувањето на цените на енергенсите генерираат проблеми како на оние кои ги извршуваат овие дејности, така и на оние кои ги користат, се вели во соопштението. СДСМ прашува како и зошто Владата и помогна на Топлификација „Не е јасно како ’Топлификација’ да се задушува во долгови кога граѓаните навреме ги плаќаат сметките, и тоа високи, во текот на целата година, а од пред некое време плаќаат и оние кои не се корисници на услугите за греење“, изјави Јани Макрадули од СДСМ. Тој потсети дека, за да ја спаси ситуацијата во која се наоѓа „Топлификација“, Владата посредуваше и проблемот со снабдување со топлинска енергија е решен. „Но, дали Владата само усно гарантирала, дали го исплатила долгот од 1,7 милиони евра што ’Топлификација’ го има кон ’Макпетрол’ или намирила само дел, останува непознато. Да потсетиме дека по налог на Владата, ЕЛЕМ и МЕПСО еднаш веќе во јануари годинава и' позајмија на ’Топлификација’ четири милиони евра“, потенцираше Макрадули.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти