Топол бран однесе 65 животи
Објавено во: Свет 23 Мај, 2018
Високите температури „косат“ во Пакистан.
Температурите се 44 степени, а властите се плашат од повторување на 2015 година, кога во мртовечницата немаше доволно место поради огромниот број жртви на високите температури.
Бројот од 65 починати во последните неколку дена се очекува да расте поради тоа што се најавува уште пожешко време и во наредните денови.
Најголемиот број починале од срцев удар и тоа во посиромашните делови на градот. Меѓу жртвите најбројни се работниците во фабриките за текстил, каде температурите се за десет и повеќе степени повисоки, а се работи без разладни уреди.