06 Мај, 2024
0.2379

Топол дом за сите: Да помогнеме за реконструкција на живеалишта на социјално загрозени семејства со деца

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Топол дом за сите и реконструкција на живеалишта на семејства со деца, кои се во социјален ризик и нехумани животни услови е целта на новогодишната хуманитарна кампања создадена од Здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа”. Кампањата се состои од донаторски броеви и наменска сметка на кои граѓаните и компаниите ќе може да донираат, голем донаторски Телетон и песна со видео спот за дополнителна промоција на кампањата. Со собраните средства ќе бидат реновирани живеалишта на семејства со деца кои се избрани по приоритетност, со фокус на руралните средини низ целата држава.

“Преку своите активности, како здружение сме имале можност да влеземе во многу социјално загрозени домови и да видиме во какви услови живеат децата и колку многу им недостига од основните животни потреби. Токму затоа решивме, нашата енергија да ја насочиме кон тоа, да организираме цела кампања во која ќе се обединиме сите, граѓани, компании, јавни личности и да собереме донации и средства за реновирање на домовите на најпогодени семејства и да обезбедиме минимум достоинствен живот и услови за децата од овие семејства. На некој начин кампањата ќе биде гласот на овие деца и повик до сите да се вклучат за да им обезбедиме топол дом. Затоа и го избравме периодот околу новогодишните празници, со цел празничниот дух и атмосфера да нè потсети дека сите заслужуваме среќа и топол дом”, изјави Кристина Арнаудова основач и претседател на Здружението Проект среќа.


Кампањата официјално започнува на 19 декември, со промоција на песната и спотот која ќе биде поддршка на кампањата. Песната е испеана од децакои најчесто се на улиците и крстосниците, авторско дело на Бојан Трајковски од Ај Кју, а е снимена во студиото Габроски. Во изработката на песната и видеото учествуваат низа јавни личности, Кристина Арнаудова, Биба Додева, Дани, Дарио, Ѓоко Танески, Ај Кју, Лина Пејоска, Сара Мејс, Ване Марковски, Димитар Атанасовски, Сашко Коцев. Во спотот и песната главни ѕвезди се децата од Дневниот центар за деца од улица “Шуто Оризари” и Фаик, кој ја има и главната улога во спотот. Видеото го изработи Дарио Јанковиќ.

“Пораката која сакаме да ја пратиме со песната и кампањата воопшто е дека секое дете заслужува достоинствен живот и новогодишна радост. На децата не им е местото на улица, а ние како возрасни, наместо да ги осудуваме мораме да пробаме да им помогнеме и разбереме оние деца на кои не им бил даден друг избор освен улицата”, дополнува Арнаудова.

Една од активностите на кампањата е големиот донаторски Телетон, којшто ќе се одржи на 29 декември од 18 до 21 часот на програмата на МТВ и каде сите јавни личности ќе се вклучат со цел собирање што повеќе донации. Сметката каде граѓаните ќе може да ги уплатат своите донации е 300-0000039428-92 со назнака ТОПОЛ ДОМ ЗА СИТЕ и на телефонските броеви 070/143 403 и 077/143 600.

Кампањата ќе трае до 15 јануари кога ќе бидат отворени донациите и официјално ќе биде објавено колку средства се собрани и каде помошта ќе биде распределена. 


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ