06 Мај, 2024
0.0269

Трагата води кон странски служби или во УБК: Какви податоци има во рацете на Катица Јанева?

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дури по девет дена од влезот на Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање, конечно земени се сите податоци кои се бараа со судска наредба. Експертот од „Ериксон“ кој пристигна од Италија за неколку часа од помошните сервери во УБК ги одзел бараните информации и со тоа засега заврши претресот на СЈО во тајната полиција.

„Со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста“, соопштија од СЈО.

Какви податоци криел уредот на производителот „Ериксон“, засега е во сферата на шпекулациите. Наводно Специјалното јавно обвинителство бара траги за бришење на податоци во уредот на„Ериксон“ што е опрема на Телеком, но се наоѓа во УБК. Односно бара докази дека во тајната полиција се прислушувало нелегално, а потоа имало обид тоа да се сокрие и засекогаш да се избрише од опремата за прислушување. Клучното прашање сега е дали СЈО ќе најде докази со кои ќе открие кој незаконски ги следел комуникациите, односно дали тоа се правело во тајната полиција или прислушувале странски служби како што тврди власта.

Опремата во УБК шест дена беше оставена без надзор на СЈО, иако оттаму инсистираа нивни истражител да биде дење - ноќе во просториите на тајната полиција. Директорот на Управата, Владимир Атанасовски, даде гаранциидека  системите во целост ќе бидат обезбедени согласно прописите за класифицирани информации и дека барањето не е прифатено поради почитување на принципите на тајност на функционирање на Управата, вклучувајќи ја и конспиративноста на идентитетот на припадниците на Управата.

Лавовска борба за клучни докази за прислушувањето

19 октомври

Катица Јанева со тим од обвинители и истражители со судска наредба влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Од осми март бараме податоци, но тие ништо не ни доставија. Затоа денеска влеговме со две судски наредби. Во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ мерки и сите разговори кои ги снимале од 2008 до 2015 година“, изјави специјалната јавна обвинителка.

УБК одбиваше секаква соработка

20 октомври

Двајцата техничари во УБК кои имаат пристап до системот за прислушување не се во Македонија. СЈО се уште нема пристап до опремата.

„Се уште не сме влезени во системот.  Од УБК сме известени дека тие две лица ќе се вратат во текот на денот и се надеваме дека тогаш ќе пристапиме кон наредбата. Чудно е што никој во државата нема пристап во овој систем освен овие лица. Податоците кои ги бараме во УБК  се од круцијално значење за да се утврди кои телефонски броеви биле следени. Специјалната јавна обвинителка со тим од  СЈО во моментот е таму и ќе останат се додека не добиеме пристап до системот“, рече обвинителката Ленче Ристовска.

21 октомври

Техничарите на УБК се во Македонија.

Катица Јанева ги зема податоците за Посебни истражни мерки (ПИМ) и книга за нивна евиденција.

По 48 часа обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство ја напуштија Управата за безбедност и контраразузнавање

Во УБК останаа само податоците од уредот на „Ериксон“

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, соопштија од СЈО.

Јанева и тимот вечерта повторно се враќаат во МВР, но повеќе немаат пристап во УБК

22 октомври

За СЈО е затворена вратата во УБК, се до доаѓањето на овластен претставник на „Ериксон“

28 октомври

Експертот од Ериксон за неколку часа ги извлече бараните податоци

Шест дена софтверот беше под обезбедување и надзор на УБК

Три истраги за тајната полиција

Податоците кои ги бара СЈО за овој случај кој е во предистражна постапка, треба да утврдат дали имало нелегално прислушување и од кого.Освен овој случај, Специјалното обвинителство води уште две истраги поврзани со следењето на комуникации.

Случајот „Тврдина“кој се однесува на уништување на систем за прислушување. Во овој предмет осомничени се двајца началници од УБК, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Вториот предмет е обвинението против седум лица за уништување и фалсификување на документација поврзана со неовластеното прислушување, а првообвинет е поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев