06 Мај, 2024
0.0265

Трагедии, политичка криза и крајот на Заев - Македонија во 2021 година

Објавено во: Македонија, Анализа 01 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија е како скап сеф закупен во швајцарска банка на чување со членството во НАТО. Но, одвнатре се што е вредно е изедено од глувци како што корупцијата, криминалот и безизлезноста се повеќе го јадат тоа што остана колку толку сочувано.

Втората година помината во пандемија уште повеќе ги извади на површина внатрешните проблеми.

Премиерот за една употреба

Зоран Заев се повлече од политиката. Можеби малкумина паметат, но тој оствари едно ветување дадено во интервју многу одамна пред да стане премиер.

Тогаш кажа дека ќе ја води владата четири години или еден мандат бидејќи во тој период ќе направи толку многу „големи" чекори за потоа да биде невозможно да продолжи со владеење. Можеби Заев предвреме бил свесен дека ќе мора да го реши спорот со Грција за името и да го „чепне" проблемот со Бугарија.

Горе доле така и бидна, премиер беше четири години развлечени во два мандата или полесно, а за некои и навредливо кажано - премиер за една употреба.

Никаква капитализација на фактот што сме членка на НАТО. Ниту граѓаните се чуствуваат нешто подобро, дека живеат во земја која на иста маса седи со едни САД, Велика Британија, Германија. Ниту инвестициски бум, ниту бум во демократијата и модернизација на институциите.

Заев можеше да влезе во историјата како најголемиот херој, тој кој на крилјата на прогресивната маса жедна за правда и еднаквост на сите пред законите дојде на власт. А, во меѓувреме бабарогата за политички поени Сашо Мијалков излегува од притвор, таман на време за руската и кифличките.

Секако, мртов коњ не се клоца. Но, добро е да се потсетиме каде тој се сопнал и да завршиме со тоа поглавје.

Лидер на опозицијата, власт (само) на локално ниво

Ако Заев како лицето на власта е главното разочарување за неисполнетите ветувања, распродажба на се што е вредно и излегување од контрола на криминалот, непотизмот и кронизмот, тогаш каков антипод е Христијан Мицкоски?

Изненадувачки, но лидерот на опозицијата имаше добра година, прва во која оствари изборна победа, конечно би рекле некои за колку толку да си го продолжи престојот во Белата палата.

Но, истовремено Мицкоски и натаму е политичар кој најверојатно не може да стане премиер. И не е крив ниту Кастриот Реџепи ниту „пораката од Макрон".

Не може политичар на толку одговорна позиција да нема јасно изразен став за многу важни прашања и определби за државата, договори преземени со меѓународните партнери или расчистување со груевизмот, а за жал надграден и со заевизмот.

Мицкоски засега е главен градоначалник на државата. Ете шанса да покаже ВМРО-ДПМНЕ дека заслужува да владее. Но, со првичните киксови, враќањето по старо во Советите за бизнис интереси, делење на градежниот колач и нетранспарентноста, уште повеќе ја зголемуваат недовербата на граѓаните во институциите.

Година на трагедии

Како да помислиме на славје и задоволство од сработеното во годината во која се натрупаа катастрофални несреќи во кои загинаа наши сограѓани, во хоророт во тетовската модуларна болница и во стравичната автобуска несреќа.

Човечкиот живот во Македонија се помалку вреди. Несфатлива употреба на несоодветни материјали кои горат како шкорче, автобуси без лиценци, лесни манипулации за нечии брзи профити, и трагичен крај за недолжни граѓани.

И тоа што најмногу загрижува е фактот дека ниту една лекција од овие трагедии не е научена, виновниците уште со години ќе се откриваат ако некогаш воопшто се соочат со правдата, а никакви протоколи или измени во процедурите нема да се преземат. Одвреме навреме некој гневно ќе потсети колку време поминало без жртвите, ќе има коментари по социјалните мрежи толку.

Што ни дава надеж за 2022 година?

Успесите на македонските спортисти, смирените меѓуетнички односи, и остварувањата во уметноста и културата се каква таква надеж дека не сме ние толку клети и неспособни.

Настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското превенство и пласманот во Баражот з Светското првенство покажа колку сплотеноста на една генерација фудбалери и поединци од различни етнички и верски припадности може да биде клучна за успеси.

Македонската режисерка Дина Дума дебитираше со првиот филм кој се прикажува на светската платформа Нетфликс. „Сестри" е храбар филм на младата авторка која покажува дека модерни теми може да се обработуваат и во македонската кинематографија.

Ова се само дел од достигнувањата и успесите за кои апсолутно никаков придонес немаат политичарите, и тоа ги прави уште повеќе вредни.

Често пишувавме во оваа рубрика дека многу состојби во Македонија се лоши, дека недостигаат вистински реформи, дека без започнување преговори за членство во ЕУ ќе спласнува општествената енергија наместо да се канализира во конкретна активност и мобилизација на внатрешните капацитети.

Затоа овој пат ќе завршиме со желба таквата креативност и ангажман да се зголемува ако ништо друго барем на индивидуално ниво, спорадично и стихијно.

Кој знае, можеби 2022 и нема да биде толку лоша година?

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран