Трамп: Ако не нападнат терористи, ќе биде виновен судијата
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017
Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека ако САД се нападнати од терористи сега, Американците треба да се лутат на судијата, кој го укина контроверзниот декрет за миграцијата.
Администрацијата на Трамп изјави дека ќе го искористи секое правно средство, за да се обнови повторно наредбата за бегалците и имиграција, која беше запрена од судот.
Во меѓувреме, околу 60.000 визи, кои беа поништени со указот на Трамп повторно се валидни.
Патниците од седумте муслимански земји веќе пристигнуваат без проблем во САД.