15 Мај, 2024
0.1817

Трамп: Богатите земји како Саудиска Арабија ќе си плаќаат за заштита

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека кралот на Саудиска Арабија Салман Бин Абдулазиз има илјадници милијарди долари, додавајќи дека "Бог знае што ќе се случи", без заштитата на САД кон ова кралство.

Трамп на митингот во сојузната држава Вирџинија наведе дека имал долг разговор со кралот Салман. Тој му рекол „дека Кралството не може да биде во можност да ги задржи своите авиони, затоа што Саудиска Арабија ќе биде нападна, додека со нас сте безбедни. Сепак, ние не го добиваме за возврат она што ни припаѓа на нас."

Од друга страна, саудиската државна агенција за медиуми вели дека кралот Салман разговарал со американскиот претседател за "подобрување на специјалните врски" меѓу двете земји.

Американскиот претседател даде повеќе детали за овој разговор, велејќи дека "му се допаѓа Саудиска Арабија и спровел долг разговор ова утро со саудискиот крал".

Трамп се пожали пред гласачите на неговата Републиканска партија дека САД ја поддржуваат војската на богатите земји, како Саудиска Арабија, Јапонија и Јужна Кореја, истакнувајќи дека тие во иднина ќе плаќаат за поддршката на САД.

. "Друга работа е да им се помогне на земјите кои се во тешка и опасна ситуација, се изложени на катастрофи и пред загуба на милиони животи ... Сепак, кога станува збор за богатите земји, како што се Саудиска Арабија, Јапонија и Јужна Кореја, се поставува прашањето зошто ние ја поддржуваме нивната армија? Затоа што тоа треба да се плати, но проблемот е во тоа што досега никој тоа не го побарал ", рече американскиот претседател.

Според аналитичарите, зборовите на американскиот претседател се порака дека Ријад треба да ги зголеми воените трошоци и да купи повеќе американско оружје.

Минатото лето, кралот Салман и претседателот Трамп потпишаа неколку договори за соработка во главниот град на Саудиска Арабија. Белата куќа објави дека воените договори вредни 460 милијарди долари се потпишани со Ријад.


Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници