Трамп го осуди нападот во Санкт Петерсбург
Објавено во: Свет 04 Април, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди терористичкиот напад извршен во метрото во Санкт Петерсбург во кој десет луѓе загинаа, а уште дваесетина се повредени.
- Ужасно. Навистина ужасен настан. Лоши работи се случуваат насекаде во светот, навистина ужасно, изјави Трамп пред новинарите.
Од Белата куќа исто така посочија дека САД се подготвени да и дадат поддршка на Русија во спроведувањето на истрагата и дека се на иста страна кога е во прашање борбата против тероризмот. Со Санкт Петерсбург се солидираше и Ники Хејли новата американска амбасадорка во Обединетите нации.