Трамп: Нападите врз мене се режирани од семејството Клинтон
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2016
Доналд Трамп ги нападна американските медиуми во четвртокот, откако беа објавени сведоштва на неколку жени, дека тој извршил сексуално насилство врз нив, пренесува AФП.
- Овие злобни обвиненија против мене за несоодветно однесување со жени се целосна лага. И Клинтон го знае тоа, изјави кандидатот за претседател од Републиканската партија.
- Овие напади се режирани од семејството Клинтон и од нивните медиумски сојузници, додаде Трамп.