Трамп побара строги казни за палење на американското знаме
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
„На никој не треба да му се дозволи да го пали американското знаме. Ако некој го направи тоа, треба да има последици - можеби губење на државјанство или година во затвор“.
Тоа го напиша новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на Twitter. Неговиот предлог сепак е спротивно на Уставот на земјата.
Во 1989 година, Врховниот суд на земјата пресуди во случајот „Тексас против Џонсон“ дека ограничувањето на правото да се протестира преку палењето на знамето, би го прекршило Првиот амандман, која заштитува слободата на говорот и личното мислење. Низ годините обидите за санкции против палењето на знамето преземале и политичари и од Републиканската и од Демократската партија. Невообичаено во случајот со Трамп е неговата идеја да се одзема американско државјанство за такво дејство.
Критичарите веднаш рекоа дека тоа е не само поттикнување на истомисленици кон екстремна акција и манифестација на авторитарен став на идниот претседател, но и жесток напад врз слободата на волја, граѓанските слободи и демократијата.