26 Април, 2024
0.0344

Нова промена на курсот за републиканскиот претседателски кандидат

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: Ќе стави крај на нормализирање на односите со ...

Објавено во: Свет 17 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп се закани дека ако биде избран ќе ги поништи преземените чекори за нормализација на односите со Куба од сегашниот претседател Барак Обама , пренесоа агенциите и AP.

На средбата со избирачи во Мајами синоќа тој рекол дека ќе го стори тоа, ако Хавана не исполни некои барања кои вклучуваат политичка и верска слобода за кубанскиот народ и ослободување на сите политички затвореници.

„"Ќе стоиме заедно со кубанскиот народ во неговата борба против комунистичкото патешествие“, истакна Трамп.

Ова е нова промена на курсот за републиканскиот кандидат, забележуваат агенциите. Претходно тој изјави дека ја поддржува идејата за нормализирање на односите, но би сакал САД да имаа договорено подобра зделка. „50 години се доволни“, изјавил тој за сајтот Daily Colour минатата година.

Трамп го окарактеризира договорот како едностран и изјави дека од него заработува само режимот на Кастро, потсетува AP. Тој, сепак, истакна дека сите преземени од активности од Обама се изведуваат со декрети. Тоа значи дека следниот претседател може да ги поништи, посочи милијардерот.

На 20 јули минатата година САД и Куба ги обновија дипломатските односи и ја обновија работата на амбасадите.

Републиканскиот кандидат за претседател исто така изјави дека САД имаат долг да ги поддржат потиснатите народи - тврдење на кое контраст му е мантрата „Америка на прво место“, соопшти AP. Народот на Венецуела копнее за слобода и копнее за помош.

„Следниот претседател на САД треба да покажува солидарност со сите потиснати народи во нашата хемисфера и ние ќе ги поддржиме потиснатите, кои што ги има многу“, додаде Трамп.

Тој често ја давал Венецуела за пример на пропадната држава, предупредувајќи дека ако кандидатот на демократите Хилари Клинтон биде избрана, таа ќе ги направи САД во Венецуела.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни