Трамп се закани: Русија подготви се, проектилите доаѓаат
Објавено во: Свет 11 Април, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер објава и се закани на Русија да не презема никакви непредвидливи потези со кои ќе се судри со американската војска. Трамп напиша дека Русија најпрво се заканила дека ќе ги сруши сите истрелани проектили кон Сирија, па затоа добро да се подготви.
„Проектилите ќе доаѓаат, убави и нови, а и „паметни“. Не треба да сте партнери со животно кое користи хемиско оружје за да ги убива сопствените луѓе и ужива во тоа“ стои во заканата на претседателот Трамп.
Во Русија засега постои голема поддршка за Путин да не се откаже од одбрана на власта во Сирија од можен напад на САД и се свесни дека тука може да дојде до многу сериозен конфликт во кој ќе бидат ангажирани и анти-ракетните системи бидејќи режимот на Асад не би можел сам да се одбрани од воздушните напади на САД и сојузниците.
Засега е тивко од страна на Иран од каде исто така има поддршка за Асад и неговата борба против сунитските џихадистички формации.