17 Мај, 2024
0.0289

ТРАМП ЗА ЗАМЕНАТА НА БАГДАДИ: Сега и тој е мртов!

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека американските војници го убија и лицето кое најверојатно ќе го наследеше Абу Бакр ал-Багдади, лидерот  на организацијата Исламската држава кој деновиве е убиен во Сирија. 

„Штотуку е потврдено дека американските војници ја убија првата замена на Абу Бакр ал-Багдади. Тој најверојатно ќе го заземеше првото место. Сега и тој е мртов!“, пишува Трамп на Твитер.

САД во понеделникот потврдија дека е убиен портпарол на Исламската држава, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, кој е сметан за втор човек на таа организација, пренесе Ројтерс.

Курдските сили во Сирија во неделата објавија дека Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските трупи во северна Сирија и дека е ликвидиран во продолжението на операцијата во која претходно загина лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десна рака“ на Багдади.

Ликвидацијата на Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен во операција на американските специјалци, на прв поглед можеби означува крај на една ера на хаос и терор на Блискиот Исток.

Телото на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади војската на САД го погребала во море, само неколку часа по неговата смрт, објави АФП. 

Жителите на Сирија и Ирак, кои се меѓу главните жртви на организацијата на Багдади, изразија олеснување по смртта на човекот кој раководеше со самопрогласениот „калифат“.

Турската полиција уапси тројца екстремисти на Исламската држава, кои наводно планирале сензационален напад по убиството на лидерот на терористичката организација, Абу Бакр ал-Багдади, соопшти денеска турската државна новинска агенција „Анадолија“.

Саудиска Арабија го поздрави убиството на првиот човек на организацијата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади во Сирија. Според нив, тој го посрамотил исламот и ја искривил сликата за мислиманите и верата. 

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји