26 Април, 2024
0.0279

Трамвај од 243 милиони евра за Скопје

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

На почетокот на следната година ќе се распише тендерот за изградба на трамвајска траса во Скопје. Градските советници за ова ќе расправаат на седницата закажана за следната недела. Планирано е трамвајот да се гради со договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, со концесија на 35 години, а пред истекот на рокот, приватниот партнер ќе мора да го предаде трамвајскиот систем во владение на Град Скопје. Концесионерот е задолжен за проектирање на трамвајската инфраструктура за линијата, која ќе биде долга 24 км, потоа за изградба на трамвајски станици, депоа и набавка на најмалку 22 трамвајски возила, да врши превоз на патници и да ја одржува трамвајската линија. Градот смета дека на овој начин Скопјани ќе добијат алтернативен и квалитетен јавен превоз - Оправданоста од доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство произлегува од потребата за воведување на нов концепт на организирање на јавниот превоз на патници на подрачјето на град Скопје, кој значително ќе го подобри квалитетот, брзината, ефикасноста, безбедноста и одржливоста на постојниот јавен превоз на патници во градот Скопје. Граѓаните на Скопје имаат потреба од воспоставување на нов концепт за организација на превозот на патници кој би го надградил сегашниот концепт на превоз на патници кој укажува на одредени недостатоци - се вели во Предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајски систем за превоз на патници во град Скопје. Изградбата ќе чини 243 милиони евра Вредноста на договорот за изградба на трамвајскиот систем се проценува на 243 милиони Евра. По објавувањето на тендерот, во рок од една година треба да се избере најповолниот понудувач кој ќе биде задолжен за изградба и стопанисување со трамвајскиот превоз. Досега интерес покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија. Трамвајот ќе го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот - со вкупна должина од околу 24 км во двете насоки. Во финансирањето на трамвајскиот систем во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Се уште не е одлучено со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката