Треба ли да се укинат субвенциите за музички автори?
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018
Композиторот и пеач Александар Ристовски Принц во Отворено на ТВ 24 вели дека треба да се укинат субвенциите.
Принц рече дека по една година пак ќе седат и нема да имаат да наведат ниту една песна од конкурсот, затоа што тоа нема каде да се пласира во медиумите.
На дебатата беше кажано дека законот за субвенции беше катастрофален, а се снимани спотови за да се оправдаат парите.
Беше кажано дека 20% од оваа сума би можела да се одвои за нови бендови, и со тоа парите би биле паметно потрошени.
За докажаните автори нема поента да се даваат субвенции, беше кажано во дебатата.