05 Мај, 2024
0.0265

Тренчевска: Ако сакаме да изградиме за пократок период, треба да има прекувремена платена работа

Објавено во: Македонија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика допрва ќе утврдува горна граница за работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на прокетот договорен со конзорциумот Бехтел и Енка. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска при гостување на телевизија Телма. Таа истакна дека ќе бидат во постојана комуникација со пратениците, и посочи дека иако законот е поднесен од пратениците, по реакциите се вклучуваат за да ги заштитат работничките права. 

- Работната недела е минимум 40 часа. Владата никаде не вели дека ќе биде 60 часа, туку дозволуваме повеќе од осум часа неделно зависно од процесот на работа. Меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да може да му биде платено прекувремената работа, а сепак тоа да биде во рамки на законот - рече министерката.

Работнците, како што рече, ќе потпишуваат договор според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени.

- Ако сакаме брзо да градиме, ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа, што е најважно, прекуврементата работа ќе биде платена и секој работник ќе даде писмена согласност дека сака да работи прекувремена работа. Без писмена согласност на работникот никој не може да работи повеќе од она што е во моментов предвидено во законот за работни односи - дополни Тренчевска.

Во Собранието се поднесени измени на осум закони меѓу кои и на законот за работни односи со кој е предвидено да се овозможи 60 часовна работна недела за работниците на коридорите 8 и 10-д.

Опозициската Левица поднесе над илјада амандмани со што се блокира работата на собраниската комисија каде што треба да се разгледуваат измените на законите.

Според предложените измени кои се доставени во Собранието, покрај Законот за работни односи, ќе се менуваат и Законот за експропријација, за земјоделско земјиште, урбанистичко планирање, минерални суровини, законите за шумите и за градење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник