27 Април, 2024
0.0273

Три милиони евра казна и можни кривични пријави за трговците со струја кои картелски се здружувале

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Глобата од три милиони евра што ќе ја платат четирите компании, кои се казнети од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за картелско здружување е навидум висок износ. Особено ако земеме во предвид дека вредноста на трговијата со електрична енергија минатата година изнесувала 128 милиони евра, а дополнително количините и вредноста на увозот секоја година растат. Компаниите обвинети и казнети за картелско здружување „ЕФТ Македонија“,  „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ и „ГЕН-И тргованје ин продаје електричне енергије“, се истите компании кои имаат најголеми удели на пазарот на електрична енергија во земјава. Комисијата за заштита на конкурентноста во своето соопштение, не наведе колкави штети предизвикале фирмите на државната компанија ЕЛЕМ преку картелското здружување и договарање на цени и распределба на количини. Kомпаниите освен што ќе мора да платат парична глоба, заради прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата, ризикуваат да се соочат и со можноста да добијат и кривични пријави. Трговијата со струја атрактивен бизнис ЕФТ Македонија е една од најстарите компании кои се бават со трговија на струја во Македонија. Трговијата со електрична енергија станува особено атрактивен бизнис во Македонија. Иако повеќе од деценија ЕФТ Македонија, а подоцна и ГЕНИ-М, Руднап, а последната година и новата Енерџи Диливери Солушнс (ЕДС) на Кочо Анѓушев, имаат доминантна улога во трговијата со струја, во земјава преку 30 компании имаат лиценци за трговија. Повеќето неактивни, но несомнено овој бизнис останува да важи за еден од најатрактивните. Инаку, претходно повеќе од десет години на чело на компанијата ЕФТ стоеше сегашниот сопственик на ЕДС Кочо Анѓушев. По неговото излегувањето од ЕФТ Македонија , ЕДС презема дел од дотогашниот удел од пазарот на ЕФТ Македонија . Доминантно учество на пазарот има и словенечката компанија ГЕН-И на чие чело долги години беше Ристо Павлов. ГЕН-И исто така има водечки удели во вкупната трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, како и РУДНАП, чиј тогашен прв човек Горан Чогеља сега е советник во државна институција. Ова не е прва ваква одлука на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Пред две години за прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата беа казнувани повеќе компании од електроенергетскиот сектор, а беа казнети и две компании од фармацевтскиот сектор за договорен настап на тендер.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“