26 Април, 2024
0.0305

Три причини да не бидете премногу добри на работното место

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Веројатно мислите дека треба да бидете љубезни и добри со луѓето со кои работите. Секако, ова е така, но не треба и да претерувате со добрина, бидејќи тоа може да биде штетно за вас. Овие 3 причини ќе ве убедат дека не треба да бидете премногу добри на работното место.

Совршениот работник е трудољубив, одговорен, иницијативен, безконфликтен и добар. Ако вие се препознаете во оваа карактеристика - бидете внимателни, бидејќи добрината на работното место, всушност може да ви одигра лоша шега. Да бидете премногу добри на работа ќе ви донесе повеќе негативни отколку позитивни нешта.

Еве зошто:

Луѓето всушност се сомневаат во вашата вистинска природа

Ако сте многу добри со сите колеги и дури на моменти штедите на некој лош збор, со цел да не навредите некого, ова ваше однесување може да ги натера другите луѓе да се сомневаат во вас. Што се вели: „Премногу добро не е на убаво“. Вистинскиот пристап е да бидете директни и искрени со своите колеги - без притоа да ги навредувате. Сигурно има начин да ги кажете работите кои не ви се допаѓа, па да не навредите никој и истовремено да продолжите да бидете добри (но не премногу).

Не можете да давате конструктивна критика

Премногу добрите луѓе обично се чувствуваат непријатно кога треба да кажат нешто негативно или пак да направат забелешка. Ова ги прави неспособни да даваат конструктивна критика, која пак е исклучително важна на работното место. Ако сте премногу добри со своите колеги, а ви треба објективно мислење, на тој начин вие може дури и да ја саботирате нивната работа. Не велете: „Се е одлично“, кога всушност имате некои забелешки. Наместо тоа речете: „Прекрасно е, но зошто не пробаш / направиш / додадеш ....“. Давајќи им конструктивна критика на луѓето околу вас, вие ќе можете и да примате таква. А тоа е многу важно, за да се развиете во својата работа и да станувате се повеќе успешни.

Луѓето ве злоупотребуваат 

Ако сте премногу добри на работното место, тоа значи дека секогаш ќе се најде некој кој ќе ве злоупотреби со тој ваш квалитет. Можеби дури веќе се сеќавате за некој случај во кој сте ја преземале работата на свој колега и сте го “прикривале“, бидејќи ве замолил? Со добрина станувате лесна цел за луѓе кои сакаат да имаат корист од вас. Научете да велите „не“ на колеги кои не ја заслужуваат вашата помош!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти