06 Мај, 2024
0.0249

Три важни совети од бездомник, кој станал милионер

Објавено во: Стил 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Кога Дејвид Сандовал имал 17 години, одлучил да го напушти својот дом.

„Не можев да живеам во куќа без храна“, раскажува Сандовал за Business Insider.

„Така станав бездомник. Го напуштив домот и животот надвор беше подобар од оној кој го имав до тогаш. „Веќе на 53 години, тој вели дека има главно добри спомени од годините кои ги поминува како скитник - како спиењето на плажа или преправање на пијан за време на забава , за да ги натера домаќините да му понудат да преноќи кај нив.

„Да станам бездомник беше начин да му докажам на светот дека не ми треба дом.“

Сандовал ги поминал следните 35 години, скокајќи од работа на работа. Работел во куглана, продавал стерео, поправал голф колички, миел камиони, продавал недвижности и конечно продавал акции. Бил отпуштан од секоја од овие работи не затоа што доцнел, туку затоа што не запирал да вели им вели на шефовите дека можат да го прават тоа подобро или поевтино, објаснува Сандовал.

Во почетокот на 90-тите години тетка му умира од мултиплекс склероза, причина за чија смрт е начинот на нејзината исхрана.

Така тој одлучил да започне со работа за јапонска фармацевтска компанија и да придонесува за здрав начин на живот. Наскоро сепак разбира дека фирмата всушност не продава органски и необработени производи. Решава да почне сам да прави 100% чисти производи во својот дом во 1994 година. Денес во неговата компанија Purium Health Products работат 100 фармацевти и речиси 30 илјади трговци, кои се занимаваат со продажба на производите низ целиот свет.

Во минатата година приходите на неговата компанија изнесувале 47 милиони долари, а оваа се очекува да достигнат 75 милиони долари.

Постојат три важни лекции кои Сандовал тврди дека ги научил во животот и кои му помогнале да го постигне она што е денес.

Не обвинувајте ги другите

Ако можел да каже нешто кога го напуштил домот на 17 години, тоа би било да не ги обвинува родителите за ситуацијата. Вели дека малку им бил лут, бидејќи тие не го правеле она што родителите на неговите пријатели го правеле за нив.

„Тоа беше грешка“, признава тој. Според него единственото нешто што тие треба да го направат, е да им дадат можност на своите деца. Сето друго зависи од вас. Да ги обвинувате другите нема да ве однесе никаде, смета Сандовал.

Негативизмот и очајот кои ги придружуваат прст и обвинувања, само ќе ве оддалечуваат од успехот. Сносете ја одговорност за сопствените постапки и одлуки. Конечно таа ќе ви се исплати.

Морате да бидете подготвени да работите напорно

Кога бил во седмо одделение, татко му работел во транспортна фирма која превезувала чоколади Hershey's. Сандовал одлучил дека недостатокот на неколку чоколада нема да се почувствува и во текот на викендот почнал да прави од нив чоколадни оризови десертиња кои ги продавал во училиште. По цена од 50 центи за парче (и со доста работа) тој успеал да помине 80 долари неделно - повеќе отколку неговиот татко заработил од сите работи ги правел, вклучувајќи виткање на весници, вадење на бакар од кабли и собирање на стаклени шишиња .

Си мислев „Леле, ова е прекрасно“, се сеќава Сандовал. Секој претприемач има во својот живот слична приказна, вели тој.

Ако сакате да успеете, морате да ја заработите довербата на луѓето

Овој важен совет Сандовал го научил од свој колега во времето кога продавал стерео. Вели дека секогаш бил најдобар во продавање на производи, без оглед што работел, додека не го сретнал својот колега Мајк.

Секоја недела Мајк продавал најмногу уреди, дури и кога било празник, бидејќи луѓето му верувале. Сандовал вели дека се обидувал да продава уреди, како ги опишувал сите нивни карактеристики, додека Мајк само се шетал меѓу потенцијалните купувачи и велел „ќе се заљубите во начинот на кој звучи оваа регулатива! Таа е само фантастична!“. И луѓето велеле „Океј, Мајк, ја земам“, едноставно затоа му верувале.

Тоа е правило број 1, што го Сандовал користел кога ја создал својата компанија Purium Health Products. „Кога почнав со бизнисот, си реков дека број еден од работите кои ќе ги продавам, ќе биде доверба.“ Тој знаел дека ако луѓето имаат доверба во него ќе му веруваат, кога им кажува дека производите му се 100% чисти.