04 Мај, 2024
0.0268

КОСТОВСКИ ЌЕ ГО ТУЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ШТЕДАЧИ: За него изнесе и обвинувања дека го терал да подмитува

Објавено во: Финансии 15 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Еден од сопствениците на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, најавува дека ќе покрене пријава за клевета против претседателот на Здружението на оштетени штедачи, Петар Трајков.
Ова Костовски го најави на својот фејсбук профил, изнесувајќи повеќе обвинувања за Трајков, за кого како што вели, досега молчел, но сега решил да ја каже вистината. 
Повеќе од јасно е дека ова Здружение на оштетени штедачи од ЕСБ Банкакои велат дека ги има 3.000 оштетени семејства, се служат со манипулативни податоци. Согласно информациите кои ги поседуваме, 791 физичко лице имаат побарувања од Еуростандард банка. Поради континуирана клевета од страна на претседателот на ова здружение, именувајќи ме како криминалец, ќе покренам кривична пријава за клевета точно против лицето Петар Трајков. Господинот Петар Трајков на кого му ја доверивте палката да ве претставува, вас оштетените штедачи, за жал не е човек на кому му се доверува оваа многу значајна позиција“, пишува Костовски. 
Натаму во својот пост на фејсбук Костовски изнесува интересни детали.
„Дали личи на претседателот на оштетените штедачи да ми каже при првата средба цитирам; зошто не и дадовте 100-200 илјади евра на Гувернерката за да не ја носи банката во стечај? Вчудовиден бев и избезумен од ваквиот настап на вашиот прв човек, да при втората средба повторно ме подучува со мито да им пријдам кон судиите на Уставниот суд, со цел носење на одлука во корист на штедачите, за на крајот да финишира со зборовите, цитирам: Ти го отстапувам моето побарување од Еуростандард банка за 50 отсто, ти да ме исплатиш, бидејќи ти имаш добри релации со Заев“, пишува Костовски.
Тој објаснува дека немал намера да озборува, но, како што вели, однесувањето на господинот Петар Трајков е крајно дволично, недолично, исклучиво бранејќи го сопствениот интерес.

„Време е да согледате кој ви е вистински пријател во оваа борба, а кој непријател. Изразувам жалење за вашите пари, чија судбина е неизвесна, меѓутоа на начинот на кој комуницирате со институциите на државата, со јавноста и посебно со мене е недозволиво. Повторувам, јас сум тука и не бегам доколку имам вина“, пшишува Трифун Костовски на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата