29 Април, 2024
0.0279

ТРИКОВИ: Еве како да го затоплите домот, без да го зголемите греењето

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на зимата, ви нудиме неколку евтини природни начини како да го затоплите домот без дополнително да вклучите електрични апарати.

Пополнете го меѓупросторот со силикон

Просторот меѓу ѕидот и прозорецот пополнете го со силикон. На овој начин ќе спрелите топлиот воздух да излегува надвор. Тоа ќе ве чини мала сума пари, но ќе ви помогне да ја зголемете собната температура.

Користете го сонцето

Ако е сончево, тргнете ги завесите. Сонцето ќе ви обезбеди многу природна топлина во студените денови. Но, внимавајте да ги вратите завесите кога сонцето ќе се скрие, бидејќи топлината ќе се врати назад.

Покријте го подот

Поставете теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките. Тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината од подот. Освен што ќе биде потопло, ќе биде и многу пријатно.

Туширање

Оставајте ја вратата отворена додека се туширате. Така ќе можете да ги искористат предностите на топлиот воздух кој доаѓа од топлата вода, и во други делови од домот, не само во бањата.

Изолација

Иако ви делува дека ова е голем трошок, верувајте дека без изолација на долга стаза ќе потрошите повеќе пари за греење во зима. Особено ако живеете во старо живеалиште, изолацијата е инвестиција која сигурно ќе ви се исплати.

Спиење со термофор

Ставете врела вода во термофорот и ставете го под ќебето, во подножјето на креветот. Тоа ќе ве топли во текот на целата ноќ.

Топлина од рерна

 Кога ќе завршите со печењето, оставете ја вратата на рерната отворена. Топлиот воздух сигурно ќе се разнесе низ целата кујна.

Затворете го просторот од прозорците и вратите

Задржете го студениот воздух зад прозорците и вратата со помош на изолациски душеци. Можете да ги купите такви или пак да си направите сами.

Изолација на прозорци

Изолирајте ги прозорци со помош на фолија за пакување со меурчиња, за да ја намалите загубата на топлина преку нив

Памучни прекривки

Спијте со памучни чаршафи. Тие држат топло во студените зимски ноќи, особено ако ги комбинирате со дебела покривка.

[button color="orange" size="small" link="http://faktor.mk/2015/11/22/trikovi-kako-da-ja-namalite-smetkata-za-struja-za-2-000-denari/" target="blank" ]Како да ја намалите сметката за струја за 2 000 денари[/button]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти