ТРОГАТЕЛЕН КРАЈ ЗА ХЕРОЈОТ НА ИНДИЈА: „Нема да се видиме повторно, те молам грижи се за нашите деца“
Објавено во: Свет 23 Мај, 2018
Ситуацијата станува сѐ покритична во Индија.
Имено, дваесетиосумгодишна медицинска сестра ја загуби битката против која се бореше цел живот-смртоносниот вирус Нипа. Во трогателно писмо до својот сопруг таа напиша дека ја губи битката и дека тој ќе треба да се грижи за нивните две деца.
Во јужниот дел на Индија има град по име Керала. Многу оддамна се појавил вирус Нипа од којшто многумина биле заразени, а животите на огромен број луѓе завршиле кобно.
Тоа сепак продолжува.
Сите здравствени установи во Керала се кренати на нозе соочувајќи се со страшен губиток на население поради смртоносниот вирус.
Стапката на смртност е речиси 70% и сѐ уште нема вакцина против вирусот.
Дваесетиосумгодишната медицинска сестра Лини, третирала тричлено
семејство на коешто му било дијагностицирано заразување со вирусот.
Таа одеднаш почнала да чувствува треска. Кога сфатила дека тоа би можело да биде симптом на инфекцијата, таа отишла во болница и побарала да биде ставена во карантин.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот затоа што ситуацијата може страшно да ескалира.