ТРОГАТЕЛНО: ПО ОСУМ ЧАСА АГОНИЈА - едно куче во Петриња си го најде својот сопственик
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020
Откако земјотресот ја уништи Петриња, бројни здруженија за заштита на животните им понудија помош на оние кои останаа без своите миленици за време на оваа страшна природна непогода.
Додека земјата се тресела и зградите се уривале, во целиот тој шок, бегајќи на двете страни само за да спасат животи, многу миленичиња и сопственици беа разделени.
Здружението за правна заштита на животните „Анималекс“ сподели токму еден ваков трогателен момент.
По осум часа агонија и грижа, вчера во 20 часот солзи радосници се слеаа во Петрина, едно исплашено куче од расата маламут и својот сопственик повторно се споија.