ТРОЈЦА „КАПИТАЛЦИ“ ЈА РАЗДРМАА БЕРЗАТА - со акции на „Алкалоид“, Комерцијална банка и „Макпетрол“ поминаа блокови од 540 илјади евра
Објавено во: Финансии 06 Април, 2024
Вкупно 540 илјади евра се истргувани вчера со акциите на компаниите македонски „капиталци“ кои котираат на Македонската берза.
Или, вчера на Берзата се поминати три блок трансакции.
Едната со акции на „Макпетрол“, односно продадени за познат купувач 171 акција по 67.000 денари за акција или вкупно 186 илјади евра, потоа 487 акции на Комерцијална банка по цена од 18.300 денари за акција или вкупно 143 илјади евра, и 633 акции на „Алкалоид“ по цена од 20.500 денари за акција, или вкупна сума од 211 илјади евра.
Н.Н.Ф.