Тројца политичари договарале поделба на Косово?
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2019
Постојат сомнежи дека тројца балкански политичари заговарале поделба на Косово.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај изјави денеска дека постојат основани сомневања дека албанскиот премиер Еди Рама и претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, правеле планови за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на трибината на Демократската иницијатива на Косово (КДИ) на тема „Дијалогот Косово-Србија по Берлинскиот самит“, рече дека е многу веројатно дека разговорите на таа тема меѓу Рама, Тачи и Вучиќ ги водела шефицата на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини.
Според него, тие треба да им побараат извинување на своите народи и на даночните обврзници на ЕУ, бидејќи потрошија година дена на оваа идеја.
„Оваа работа можеше да заврши многу лошо“, вели Харадинај.
Додава дека тие што се за промени на границите сакаат да предизвикаат војна, меѓутоа на самитот на лидерите на Западен Балкан, кој на 29 април се одржа во Берлин, темата на корекции на границите е затворена.