17 Мај, 2024
0.0287

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Поевтинил зеленчукот, а поскапел лебот, цигарите, сувото овошје

Објавено во: Економија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Поевтинил зеленчукот, а поскапел лебот, цигарите, сувото овошје. 

Oва може да се забележи од стаистичките податоци објавени денеска. 

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компири и други коренести плодови за 21.3 %, свежото и разладеното овошје за 0.7 %, пивото за 0.4 %, жестоките пијалаци за 0.3 %, млекото, минералната вода, газираните пијалаци и соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %, oбјави Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 2.3.%, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 2.1 %, моторните возила за 1.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.9 %, теписите и другите подни покривки за 0.6 %, облеката, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 0.6 %, лебот и житата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.3 % , маслото и маснотиите, виното за 0.2 %.

Во јули, раст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 35.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 4.6 %, гасот за домаќинствата за 3.2 %, услугите за рекреација и спорт за 2.1 %, велосипедите за 1.6 %, книгите за 0.9 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз, патен патнички транспорт за 0.8 %, другата облека и додатоците за облека, медиумите за снимање за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.3 %, мебелот и покуќнината, другите медицински производи за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи зголемување од 1.3 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатата година.

На четиричлено семејство во јули му биле потребни повеќе од 33.000 денари за основни потреби. 


Точната сума е 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби.

Според синдикалната минимална кошница, најмногу пари се потребни за храна и пијалоци. За оваа намена се трошат 14.064 денари, а за плаќање на режиските трошоци се одвојуваат 10.444 денари. За превоз се потребни 2.466 денари, а за одржување на хигиена 2.369 денари.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија