Добивај вести на Viber
Во Шпанија на продажба се нудат повеќе од 1,2 милиони недвижнини, вклучувајќи и голем број невселени куќи, при што цените се спуштени на рекордно ниско ниво, по падот на пазарот на недвижнини во 2009-2010 година и сериозната финансиска и економска криза која следеше потоа. Шпанската банка Банесто на својот интернет сајт овој месец има на понуда околу 1.800 куќи кои се нудат на продажба по 80 отсто пониски цени.