17 Мај, 2024
0.0277

ТТК Банка се справи со „корона вирусот“! Прочитајте како?

Објавено во: Економија 17 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалата банка покажа дека има „серум“ против корона вирусот. ТТК Банка заврши со добивка од половина милион евра за првите шест месеци годинава. Намалени приходи од провизии на надоместоци, драстично намалени останати приходи, одлив на депозити и тоа е резултат на „корона време“. Но охрабрувачки за акционерите е тоа што банката книжи раст на кредитирањето, раст на нето приходите од камати и намалено ниво на резервации во споредба со истиот период лани

ТТК Банка, најмалата од деловните банки кои редовно делат дивиденда за своите акционери, во првата половина на годинава има зголемени нето приходи од камати, намалени приходи од провизии и надоместоци (нормално и очекувано заради корона состојбата), преполовување на останатите приходи од дејноста. Заради ова и покрај намалените зафаќања за резервации профитот е намален за 46 отсто во споредба со лани.

Како и да е, и покрај негативното влијание на вонредната состојба предизвикана од „корона вирусот“, ТТК Банка првото полугодие од годинава го заврши со добивка од речиси половина милион евра.

Кои се „корона симптоми“ кај ТТК Банка?

Прво и очекувано, намалени приходи од провизии и надоместоци. За првите шест месеци заради намалената економска активност во домашната економија оваа банка книжи нето приход од 991.000 евра што е за 75.500 евра помалку од истиот период лани. Падот е 7 отсто.

Второ, логично е дека заради состојбата потешко оди и продажбата на имот или средства кои биле гаранција за наплата на заеми. Така кај останатите приходи од дејноста (што во најголема мерка значи претварање на запленет имот во ликвидни средства н.з.) банката книжи голем пад. Очекувано, ретко кој се одлучува да купи во кризно време или купува по пониски цени доколку е можно. Приходите за првите шест месеци се 397.000 евра, а лани за истиот период биле речиси 850.000 евра. Сега се 450.000 евра помалку. Ова е клучниот генератор на приходи заради кои е намалена добивката на банката во споредба со лани.

Депозитите на другите клиенти годинава за првото полугодие се намалени за 4,2 милиони евра и изнесуваат 111,8 милиони евра на крајот на јуни. Веројанто и тоа е резултат на неизвесноста што ја предизвика неочекуваната и новонастаната состојба предизвикана од глобалната пандемија.

Што е добро?

Нето приходите од камати на банката се зголемени во споредба со лани за 55.000 евра. Тие на крај на јуни изнесуваат 2,2 милиони евра.

Резервациите за првите шест месеци годинава изнесуваат 497.000 евра и тоа е за 274.000 евра помалку од истиот период лани.

Нивото на кредити на крај на јуни изнесува 85,6 милиони евра и тоа е за 2,6 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Расте нивото и на вложувања во хартии од вредност. Вложувањата се повисоки за 600.000 евра и изнесуваат 21,4 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА