Туфегџиќ вели дека Вељаноски го крши Деловникот
Објавено во: Македонија 28 Март, 2017
Пратеничката Ивана Туфегџиќ од говорницата во Собранието читаше делови од Деловникот и го обвини и претседавачот, Трајко Вељаноски дека го крши Деловникот.
Таа ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека повикувајќи се на граѓаните кои протестираат, го попречуваат нивното живеење и живеењето на сите граѓани, со цел да не завршат во Шутка.
Вели дека при толку реплики на Антонио Милошоски и Илија Димовски, нивната партија мора да има проблем со нив, во спротивно одат против Деловникот. Ако говорникот се оддалечи од прашањето, претседателот, во овој случај, претседавачот го опоменува, а доколку по опомената повторно се оддалечи, му го одзема зборот.
Пратениците се на пауза, по што ќе продолжат со расправата.