Тупанчевски кажа дека на свој трошок бил во Италија
Објавено во: Македонија 25 Март, 2022
Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во изјава за Фокус истакна дека на свој трошок бил во Италија.
Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Aнтикорупциска бараше одговор кој ги платил патувањата. Дека сама си платила потврди и Фетаи.