Се простува ли Тупанчевски од Владата или само пишува статуси за животот?
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022
Министерот за правда Никола Тупанчевски, невообичаено за него, објави дискутабилен статус на Фејсбук, кој многумина го протолкуваа како негово заминување од Владата во контекст на најавите дека Алијанса за Албанците ќе стане дел од владеачкото мнозинство.
Правда, земјоделство, здравство, образование или животна средина -три од овие министерства ќе добие Алијанса како понуда за влез во Влада, објавија претходно медиумите.
Според истите информации сите три партии во Владата - СДСМ, ДУИ и Алтернатива, се откажуваат од по еден ресор.