19 Мај, 2024
0.0371

Турција бара Кипар да се подели на две држави

Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Турција бара Кипар да се подели на две држави, нешто што за Атина е провокација. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган говори за „две посебни држави“ на Кипар, отфрлајќи го обединувањето на островот како решение на кипарското прашање.

Ердоган вели дека има два народи и две посебни држави на Кипар. 

Верува дека плановите за обединување се минато.

„Потребни се преговори за да се дојде до решение кое би се засновало на две посебни држави“, кажа тој во говор на северниот дел на Кипар.

Последните преговори за мир меѓу кипарските Грци и кипарските Турци во 2017 под покровителство на Обединетите нации, а врз основа на идејата за обединување на островот, пропаднаа. 

Турскиот претседател се сретна со новоизбраниот лидер на самопрогласениот Северен Кипар, Ерсин Татар.

Татар, поранешниот премиер, победи на претседателските избори минатиот месец што значи дека може да дојде до понатамошно заострување на односите со меѓународното признатата влада во Никозија.

Турција е единствената земја која го признава Северен Кипар како независна држава.

Кипар се раздвои по турската инвазија во 1974, која беше одговор на државниот удар со кој Грција се обиде да го припои островот.

Ердоган изјави дека Северен Кипар и Турција повеќе нема да дозволуваат „дипломатски игри“ околу прашањето за меѓународното право на истражување ресурси во источниот Медитеран.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес ја оквалификува посетата на Ердоган како провокација и политика на свршен чин која ја спроведува Анкара и со тоа покажува дека не го почитува меѓународното право.

„Турција и нејзиниот претседател ја поткопуваат перспективата за соодветна атмосфера што ја бара генералниот секретар на ОН за да ја почне иницијативата кон решавање на кипарското прашање“, кажа Анастасијадес пред пристигнувањето на Ердоган.

Грција смета дека посетата претставува „директно кршење на резолуциите на ОН“.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија