26 Април, 2024
0.0263

Турција ќе ја затрупа Европа со мигранти?

Објавено во: Балкан 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот шеф на дипломатијата, Мевљут Чавушоглу се закани дека еднострано ќе го раскине договорот за емигрантите и бегалците кој во март 2016 година го потпиша со Европската Унија и кој овозможи значително намалување на приливот на емигранти и бегалци во Европа.

„Сѐ уште не сме ги информирале нашите (европски) соговорници, сѐ е во нашите раце“-изјави Чавушоглу во интервју за турската 24 ТВ, во време на тензии со повеќе земји на ЕУ.

Во случај на еднострано откажување на договорот за емигрантите Европа најверојатно повторно лесно би била затрупана со голем емигрантски бран.

„Сега можеме да кажеме „повеќе нема да го применуваме и готово“. Не ни треба дозвола од никого“- додаде Чавушоглу.

Тој ѝ замери на Европската Унија дека не одобрила либерализација на визите за кратки престои на турските државјани во ЕУ, иако тоа беше предвидено со договорот.

Договорот за емигрантите ЕУ и Турција го потпишаа во Брисел пред една година за да го сопрат секојдневното пристигнување на илјадници емигранти со бродови на грчките острови во Егејското Море.

Со договорот покрај либерализацијата на визите беа предвидени уште неколку отстапки, меѓу кои и финансиска помош за Анкара од 3 милијарди евра со можност за продолжување кога средствата ќе се потрошат.

Односите на ЕУ и Турција се влошија откако Германија и Холандија минатата недела не им дозволија на турски министри на нивна територија да присуствуваат на митинзи за поддршка на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци