ТУРХАН АДЕМИ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ ВО ВРВОТ НА ХАЛК БАНК - ќе продолжи да ја извршува функцијата член на УО и извршен директор на банката
Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023
Турхан Адеми уште две години ќе продолжи да ја извршува функцијата член на Управниот одбор и извршен директор на Халк Банка.
За тоа извести банката преку информација испратена до берзата.
Адеми добил и претходна согласност од Народна банка на Македонија за продолжување на неговата функција за уште две години.
„Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Турхан Адеми за период од две години, сметано од 25.01.2023 година. Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 31.01.2023 година. Г-дин Турхан Адеми ќе продолжи да ја извршува функцијата член на Управниот одбор и Извршен Директор на Халк Банка А.Д. Скопје“, се вели во известувањето од банката до Македнската берза.
Инаку, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Халк банка е Билал Суџубашу.
Н.Н.Ф.