И СКОПЈЕ НА ЛИСТАТА: Туристи, еве каде е најевтино сместувањето...
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2017
Загреб е еден од најевтините градови за сместување во светот за туристи, а најскапо е во Монте Карло.
Ова го покажува анализата на Accommodation Price Index 2017.
Опфатени се околу 200 метрополи, а Загреб е на 141 место.
Во Загреб во хостелите цената е 13 евра, а во хотелите се движи од 97 до 292 евра.
Во Монте Карло хостел чини 28 евра, а за хотел ќе треба да платите од 285 до 2.505 евра.
Зад него е Сен Тропе со цени од 176 до 2.194 евра.
Потоа следат Рејкјавик, Сан Франциско и Њујорк.
Најевтини се дестинациите на Далечниот Исток и на Балканот.
Во Куала Лумпур хотел чини од 55 до 285 евра, а потоа следи Скопје, Тирана, Анталија и Софија.
Хостел за само 5,59 евра има во Киев.