17 Мај, 2024
0.0269

Туристичките агенции побараа целосно отворање на границите: Ние ја шириме приказната за Македонија

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Ние ја шириме приказната за Македонија, затоа бараме целосно отворање на границите и воведување протоколи како во останатите европски држави, побараа денеска туристичките агенции од Владата на РСМ. Од таму велат дека низата на нови барања е писмено доставена од 11 јуни, но дека никој до сега не ги брифирал.

Не се согласуваат повеќе при влез во државата секој да покаже (негативен) тест на корона не постар од 72 часа и да седи во 14-дневен карантин. Забелешка имаат и во однос на протоколот за автобусите кој наложува продажба на максимум 50 отсто од седиштата. Зад барањата на оваа комора стојат од 70 до 100 туристички агенции.

-Денес сме овде и против таа одлука зашто никој под вакви услови нема да дојде кај нас, ниту некој од нашите туристи ќе патува во странство. Имаме договори со странски партнери кои од нас очекуваат туристи, имаме наши клиенти кои веќе уплатиле и чекаат кога ќе може да патуваат зашто им се издадени ваучери, но ние одговорот на ова прашање не го знаеме, рече Ана Марија Алексова, претставникот на комората и сопственик на туристичка агенција.

Од таму дополнително како економски мерки и олеснувања побараа неповратна финансиска помош од 500 евра за фирми до пет вработени и од 1.000 евра за фирми со над пет вработени, минимална плата од 14.500 денари, платени придонеси, одложување на исплатата на кредитите, ослободување од ДДВ и аконтација до крајот на годината, одобрување бескаматни кредити за сите без никакви услови, а за оние веќе одобрените пролонгирање на грејс периодот од шест на 12 месеци.

Пред Министерството за економија најавија дека ќе протестираат ако државата не им помогне, затоа што, како што велат од таму, 100 дена воопшто не работат и дека во наредниот период ќе следуваат масовни ликвидации на фирмите. Наедно и тие сакаат да бидат исто така опфатени со мерката за ваучерите „Дома си е дома“, како што се хотелите и сместувачките капацитети.

-Не сакаме да профитираме, не бараме големи грантови. Сакаме нормални услови за работа, а додека државата не ни ги створи, бараме поддршка за опстанок на нашиот бизнис, за опстанок на нашите семејства, за покривање на трошоците. Бараме неповратна помош, зашто ако евентуално ни се обезбедат позајмици, не ќе имаме средства да ги вратиме. Ние сме неколку илјади вработени и за жал, ако ситуацијата вака продолжи, а државата не ни помогне, голем дел од нас ќе банротираат, ќе бидеме приморани да затвориме и практично од септември ќе бидеме нови невработени. Допрва не чека мртов период, септември, октомври, ноември, декември. Дали мислите дека некој ќе оди на Нова Година или ќе патува на есен, ќе плаќа фрст минит патувања за во 2021-ва? Луѓето се плашат порано да ги дваат своите пари, им е страв дека ќе останат заробени, рече Ана Марија Алексова сопственик на туристичка агенција.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА