17 Мај, 2024
0.0263

Туристичките летови до вселената ќе чинат скромни 40 милиони долари

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Цената на вселенскиот лет за туристи може да надмине 30-40 милиони долари, изјави генералниот директор на „Роскосмос" Игор Комаров, пренесе агенција ТАСС.

„Сведоци сме на зголемен интерес. Луѓето се подготвени да платат огромни суми за ваквата можност. Ако зборуваме за суб-орбитален лет, а за летови на ниска орбита, цената ќе биде над 30 000-40 000 долари"-рече Комаров за телевизијата Си-Ен би-Си.

Комаров додаде дека вселенскиот туризам не е приоритет за „Роскосмос", иако и корпорацијата да ја одржуваат приватни инвеститори.

Во март стана познато дека приватната вселенска компанија „Космокурс" прва во Русија добила од „Роскосмос“ право да развива проект за туристички летови во вселената. Кај нив туристите ќе летаат на височина од 200 км. Летот ќе трае 15 минути, од кои 5-6 минути во бестежинска состојба.

Првата екскурзија на „Космокурс" е планирана за 2020 година.  Цената на еден билет ќе биде 200-250 000 долари.