17 Мај, 2024
0.0283

ТУРИСТИЧКО УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА - Ја цениме помошта од државата, но идната година таа треба да биде посилна, за да преживееме

Објавено во: Економија 31 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Туристичко-угостителскиот сектор е најпогоден од актуелната криза, каде загубите кај голем број правни субјекти беа и се уште се 100 процентни. Првиот удар за беше тоа што кризата почна на самиот почеток на сезоната кога и се затворија границите, велат од Туристичко-угостителската комора од Сојузот на стопански комори.

„Овој сектор се најде во ситуација од период на неактивност да влезе во период на рестрикции. Мало подобрување на состојбата имаше во летниот период, кога некои субјекти успеаја да ја намалат загубата, но гледано на годишно ниво, не се постигна остварување на профит ниту пак покривање на трошоците. Се постигна единствено намалување на загубите. Во подеднакво незавидна состојба се хотелите, туристичките агенции, рестораните, кафулињата, ноќните клубови, рент-а-кар компаниите, кои имаат високи фиксни трошоци поради природата на нивната дејност, без разлика дали работат или не“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Туристичкиот сектор прв се обедини, а Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во дијалог со Владата активно се вклучи во предлагање на соодветни мерки за помош на секторот. Владата донесе четири пакети на економски мерки кои беа насочени кон целата економија, но и таргетирани кон туристичко-угостителскиот сектор.

Подолу даваме реален приказ на трошоци и добиената помош во различни дејности од секторот.

Прво, угостителите се меѓу најпогодените од пандемијата, бидејќи голем дел од нив немаат никаква активност 10 месеци или поточно од март 2020. Секој ресторан има просечни месечни режиски трошоци од околу 5.000 евра на што треба да се додадат и трошоците за плати на вработените. Добија еднократна помош од 10.000 евра што е еквивалент на покритие за трошоците за два месеци, како и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци.

Второ, на туристичките агенции просечно месечно се потребни 1.500 евра за режиски трошоци, но имаат и дополнителни трошоци за плати за вработени. Тие добија финансиска помош во висина од 3.000 до 5.000 евра еднократна помош и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци. 

Трето, туристичките водичи, кои останаа без прилив цели 9 месеци, добија помош дури на крајот на годината, кој доколку се пресмета на просечно месечно ниво за 10 месеци од кризата е околу 6.000 денари месечно.

Четврто, рент-а-кар компаниите, покрај намалувањето на работа од повеќе од 60 отсто едновремено се соочуваат со огромна загуба на капиталот по однос на губење на вредност ва возилата, кои им се основно средство за работа, кои генерираат трошоци за сервисирање и регистрација со дополнителна доплата за дејноста. Од економските мерки имаа можност да аплицираат за финансиска поддршка од 14.500 денари за период од 6 месеци.

„Важно е да се нагласи дека се цени помошта од државата, но апелираме во 2021 година таа да биде посилна и таргетирана кон поддршка на туризмот и угостителство, за да може да се преживее. Средствата се потрошени и ако нема посилна поддршка многу од деловните субјекти ќе згаснат. Многу е значајно во обезбедување на економската помош да има континуитет односно таа да продолжи од јануари“, изјави Граматиков.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија