02 Мај, 2024
0.0267

Туризмот во Грција мелем за економијата, Македонија брои загубени сезони

Објавено во: Анализа 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Грчкиот туризам е „Оаза" за националната економија годинава, анализираат грчките медиуми изминатитете денови, откако се објавија податоците за рекорден број на туристи годинава. Грција годинава очекува да ја посетат рекордни 16,5 милиони гости, што е многу блиску до историскиот рекорд што земјата го имала во 2007 година. Според последните податоци на Централната банка на Грција потрошувачката на туристите во Грција скокнала во јуни, и со тоа се потврдени прогнозите дека рекордната летна туристичка сезона би можела на презадолжената земја да и обезбеди добра инјекција од странски приходи. Приходите од туризмот во јуни во Грција се зголемиле за 21 отсто, во однос на претходната 2012 година, кога изнесувале 1,59 милијарди евра. Со тоа вкупните приходи од туризмот во првата половина од 2013 година пораснале на 3,32 милијарди евра, што е за 18 отсто повеќе отколку во истиот период лани, кога стравот од грчкото излегување од еврозоната ги одвраќаше туристите од доаѓање во земјата. Динамиката на грчкиот туризам се чинеше посебна во јуни, кога, според последните достапни сумирани податоци од цивилна воздушна пловидба, вкупниот број на пристигнувања со авион од странство кон грчки аеродроми се зголеми за 11,9% достигнувајќи 2,2 милиони за разлика од 1.97 милиони во однос на истиот месец од 2012 година. Популарни дестинации за странските туристи, во кои има раст се :
  • Mиконос постигна зголемување од 68,1%,
  • Санторини 27,5%,
  • Кефалонија 22,5%,
  • Chania  21,8%,
  • Закинтос 19,8%
  • Хераклион  18,6% и
  • Кос%  18,3
Зголемување на бројот на туристи има од традиционалните пазари, како што се Германија и Франција, но исто така и од новите пазари со повисоки трошоци за патување, како што се Русија, кои во споредба со просекот по глава на жител трошење, ги зголемуваат очекувањата за силен раст на приходите . Спротивно на ова, пак сосема пионакви се податоците за домашните туристи, што се должи на економската криза. Претставници на туристички оператори проценуваат дека прометот од домашниот туризам ово изминатите 4 години паднал за 50% и формира околу 1,5 милијарди евра од 3 милијарди долари претходно. Сето тоа се должи на економската криза, која го намали бројот на грчки туристи. Грчките туристи го намалија бројот на ноќевања и ги намалија своите трошоци. Овој развој негативно влијание на дестинациите кои традиционално се прифатени за домашниот туризам. Грчките туристи, најверојатно во поголем дел одмориите ќе ги искористат во следните 20 дена, кога цените се разликуваат од оние во шпицот на сезоната. За разлика од Грција, Охрид годинава ја изгуби сезоната За разлика од рекордите што се рушат на грчките плажи и влеваат оптимизам кај грците, годинава Охрид речиси целосно ја промашио сеозната. Оваа летна сезона на охридската ривиера е намален бројот на туристите од опкружувањето, односно оние кои беа традиционални гости од соседните Бугарија  и од Србија. “Генерално, на Охридското и Струшкото крајбрежје годинава има помалку домашни туристи и туристи од балканските земји во споредба со лани. Но она што загрижува е помалиот број на туристи и од земјите на Бенелукс. Сите што направивме договор со туристите што доаѓаат од земјите на Бенелукс годинава ќе бидеме во рамките на она што е договорено односно закупено. Но лани, на пример, резултатите беа подобри, односно имаше натфрлување од 20% до 25 % над она што беше загарантирано како престој“ – изјави за “Фактор“ Дончо Таневски, прв човек на здружението ХОТАМ. Охрид ја загуби битката и со цените, но и со понудата. Па така, иако на охридските плажи лежалките тербаше да бидат бесплатни, сепак се наплаќаа и тоа една лежалка чини 100 денари, дополнително терба да се плати за пијалок. За разлика од овие цени, во Грција на некои места една клежалка чини 180 денари а дополнително за ова сума се дбива и кафе или сок. Дополнително, на лоѓата туристичка сезона и се препишува и ненавремената исплата на сувбвенциите, бидејќи според податоците на туристичките работници од Охрид и Струга, лани била подобра туристичка година за “субвенционираните “ странски туристи. Лани, неделно се реализирале по осум до девет чартер-летови со кои директно од земјите на Бенелукс( Холандија, Белгија, Луксембург), туристите стасувале на Охридскиот аеродром. Годинава таа бројка е намалена на пет летови неделно, велат од Асоцијацијата на хотелиери. Н.Н.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад