„Туркиш ерлајнс“ зема залет, купува 117 нови авиони!
Објавено во: Свет 15 Март, 2013
Националната авиокомпанија на Турција„Туркиш ерлајнс“ ќе купи 117 авиони од европскиот производител на авиони „Ербас“. Според договорот авионите ќе бидат доставени од 2015 до 2020 година.
Договорот е тежок 9,3 милијарди долари, а авионите се од типот А320.
„Туркиш ерлајнс“ за разлика од другите авиопревозници во Европа презеде агресивни чекори за да стане глобална авиокомпанија со што станува конкурент на авиокомпаниите од Блискиот Исток, како „Емирејтс“ и „Катар ервејз“.